Спорт

Јувентус има пари за договорот на Робин ван Перси

Јувентус има пари за договорот на Робин ван Перси

Поранешниот репрезентативец на Италија, а сега телевизиски презентер, Масимо Брамбати, за познатиот портал “Тутоспорт” изјави дека најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на холандскиот интернационалец од редовите на Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси.

“Знам дека Робин ван Перси повеќе не е толку среќен во дресот на Манчестер Јунајтед. Јувентус ја има потребната финансиска моќ за да го убеди да се пресели во Италија за време на зимскиот преоден рок. Јувентус веќе сега има многу силен и квалитетен тим и знам дека нивната стратегија е купување на фудбалери од светска класа. Јувентус сега е фокусиран само на фудбалери кои се големи ѕвезди и кои сакаат да ја променат клупската средина што е можно побрзо”, изјави Брамбати.