Спорт

Јувентус истовремено преговарал со Алегри и Манчини

Јувентус истовремено преговарал со Алегри и Манчини

Павел Недвед, спортскиот директор на италијанскиот калчо гигант Јувентус, откри дека по неочекуваната оставка на Антонио Конте, клубот веднаш остварил контакт со Масимилиано Алегри и со Роберто Манчини. 

“Моравме брзо да реагираме после оставката на Конте. Не ни беше лесно, бевме во шок, бевме многу тажни. Не сакавме да ја прекинеме соработката со Антонио Конте. Веднаш остваривме контакт со Масимилиано Алегри и со Роберто Манчини. Само тие двајца беа во игра за тренерската функција. Манчини е во игра за селекторската функција и моравме да се фокусираме на Алегри. Брзо најдојвме заеднички јазик. Алегри е квалитетен тренер, роден победник”, изјави Недвед.