Јувентус не одви 15 мил. евра за Азард, Родригез и Најголанд

Поранешниот извршен директор на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, Алесио Секо, откри дека во 2010 година, ги договорил трансферите на Џејмс Родригез, Еден Азард и Раџа Најголанд, но клупските челници не сакале да одвојат околу 15 мил. евра за нивните услуги.

“Се беше договорено, најдов заеднички јазик со раководните лица на Порто, Лил и на Калјари. Родригез беше проценет на 5 мил. евра, Азард на 6 мил. евра, а Најголанд на 4 мил. евра. За вкупно 15 мил. евра, Јувентус ќе купеше три фудбалери. Не добив зелено светло од бордот на директори. Бев информиран дека стартувал процесот на трансформација, дека Андреа Ањели ќе биде именуван за нов претседател, а Џузепе Марота за нов генерален менаџер”, изјави Секо.
Денеска, вкупната вредност на овие три фудбалери е околу 150 мил. евра.