Спорт

Јувентус отиде на “+11” во однос на Рома, Лацио ја декласираше Фиорентина

Јувентус отиде на “+11” во однос на Рома, Лацио ја декласираше Фиорентина

Јувентус полека но сигурно граби кон нова титула во Серија А.

“Старата дама” синоќа славеше против Сасуоло со минимални 1:0, а творец на победата беше Пол Погба кој постигна гол во 83-та минута. Со овие нови три бода, а и киксот на Рома на гостувањето кај Киево, каде одигра само 0:0, Јувентус сега има 11 бода пред “римската волчица”, што е речиси недостижна предност.

Претходно во терминот од 19 часот Лацио ја победи Фиорентина со убедливи 4:0. Стрелци на погодоците беа Лукас Биглиа, Антонио Кандрева и Мирослав Клосе (2).