Спорт

Јувентус потврди дека го сака Алексис Санчез

Јувентус потврди дека го сака Алексис Санчез

Главниот оперативец на старо-новиот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота, најпосле собра храброст за да изјави дека ќе направи се што е во негова моќ за да ги осигура услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Алексис Санчез.

„Јувентус е заинтересиран за неколку фудбалери кои играат на неколку позиции. Сакаме фудбалер кој може да игра на неколку позиции. Во потрага сме по брз крилен напаѓач. Би сакале да ангажираме напаѓач од калибарот на Алексис Санчез. Таквите фудбалери се вистинска реткост. Не смееме да заборавиме дека Барселона одвои сериозна парична сума за неговото обештетување. Сепак, ќе повторам уште еднаш дека Јувентус е сериозно заинтересиран за услугите на Алексис Санчез”, изјави Марота.