Јувентус против Сампдорија во продолжението го избегна најтешкиот пораз во Серија А

Во средбата од 13-то коло на италијанското фудбалско првенство Сампдорија пред своите навивачи во Џенова го совлада актуелниот шампион Јувентус со 3:2, остварувајќи ја својата прва победа во меѓусебните дуели по повеќе од четири години.

Последен пат пред неделата, Сампдорија го порази Јувентус во мај 2013 година, исто така, со резултат 3:2

Победата на домаќините ќе беше многу убедлива, но торинската „Стара дама“ во судиското продолжение постигна два гола за да ублажи поразот. Сампдорија поведе со 3:0 со головите на Дуван Запата во 52, Лукас Ториер во 71 и Џанмарко Ферари во 79 минута, а поразот на Јувентус го ублажија Гонзало Игуаин од пенал во првата минута од судиското продолжение и три минута подоцна преку Паоло Дибала.

Доколку Јуве не ги постигнеше во додатното време двата гола, ова ќе беше најтешкиот лигашки пораз кој во последните шест години. Последен пат Јувентус во Серија А загубил во Серија А со три гола разлика во јануари 2011 година, кога на свој терен беше поразен од Парма со 1:4.

Дебитантот СПАЛ беше на чекор до победата против Фиорентина, но гостите извлекоа реми во самата завршница. СПАЛ поведе во 42 минута со голот на Алберто ПАлоски, а изедначи Федерико Киеза во 80 минута.

Џенова на гостувањето со 1:0 го совлада Кротоне, освојувајќи важни подови во битката за зачувување на прволигашкиот статус. Победникот го одлучи голот на Лука Рогони во 11 минута.

Сасуоло во дербито на дното од табелата на гости го победи Беневенто со 2:1. Гостете поведоа со голот на Матри во 57 минута, додека домашните изедначија во 65 минута преку Арментерос, а победата на Сасуоло му ја донесе Пелусо во четвртата минута од судиското продолжение.

Во саботата беа одиграни два дерби дуела. Рома во градското дерби го совлада Лацио со 2:1, додека Наполи со идентичен резултат го порази Милан. Вечерва играат уште Интер и Аталанта, а колото во понеделник ќе го заокружат Верона и Болоња.

На табелата води Наполи со 35 бодови, Јувентус на второто место има четири подови помалку, а потоа следат Рома и Интер со по 30 бодови но Интер има натпревар помалку.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.