Јувентус се прошета низ Удине

Последниот натпревар од 33. коло во италијанската Серија А, дуелот на „Фриули” помеѓу екипите на Удинезе и Јувентус заврши со сигурен триумф на актуелниот шампион на Италија од 2:0.

Популарната „стара дама” дојде до посакуваното водство со погодокот на резервниот напаѓач, Себастијан Џовинко, а само неколку минути подоцна, во листата на стрелци се запиша и шпанскиот интернационалец Фернандо Љоренте.

„Одигравме како што треба, во овој дел од сезоната, мојот тим нема право на ниту една грешка. Моите фудбалери секогаш даваат 110% од своите можности. Сега мора да се фокусираме на следниот првенствен дуел против Болоња. Очекувам полн стадион, очекувам голема подршка од најверните фанови. Свесни сме дека Рома е позади нас, дека е во добра форма, но истото може да се каже и за мојот тим”,  изјави предводникот на Јувентус, Антонио Конте.

Јувентус е лидер на првенствената табела и има осум бода повеќе од второпласираната Рома.