Спорт

Јувентус си поигра со очајниот Интер

Јувентус си поигра со очајниот Интер

Неделниот дерби натпревар од 22. коло во италијанската Серија А, дерби пресметката помеѓу вечните ривали Јувентус и Интер заврши со сигурен триумф на “старата дама” од 3:1.

Мрежата на Хандановиќ прво ја погоди Ллихштајнер, потоа Киелини, а листата на стрелци се запиша и Видал, додека единствениот погодок за гостинот беше дело на португалскиот интернационалец Роландо.

Фудбалерите на Наполи доживеаа вистинска катастрофа на гостувањето во Бергамо кое најмногу ќе го паметат по заслужениот триумф на Аталанта од 3:0, а сите 90 минути ги одигра и поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Првенствената пресметка помеѓу екипите на Рома и Парма беше прекината во 30 минута поради очајните временски услови.

Денеска ќе се одигра последниот натпревар од 22. коло, градската пресметка помеѓу екипите на Џенова и Сампдорија.

Резултати: Сасуоло – Верона 1:2, Киево – Лацио 0:2, Катанија – Ливорно 3:3, Аталанта – Наполи 3:0, Јувентус – Интер 3:1.