Јувентус сруши уште еден рекорд

Со убедливата победа од 3:0, која ја забележаа во првенствениот дуел против гостинскиот тим на Каљари, фудбалерите на Јувентус ставија крај на можеби најуспешната сезона во клупската историја.

Избраниците на Антонио Конте го исполнија и последното ветување, дека ќе освојат 102 бода, што се најмногу освоени бодови во италијанската фудбалска историја.

Јувентус истовремено го има најдобриот напад и најдобрата одбрана во Серија А. Моќта на “старата дама” ја почуствува и репрезентативецот на Македонија, Агим Ибраими кој ги одигра последните 25 минути од последниот првенствен дуел за оваа сезона.

Директен пласман во групната фаза од Лигата на шампиони обезбедија и фудбалерите на Рома, а Наполи ќе мора да го одиграат последното квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување.
Пласман во групната фаза од Лигата на Европа обезбедија фудбалерите на Фиорентина, Интер и Парма, а збогум на елитното друштво кажаа Болоња, Катанија и Ливорно.

Резултати:
Удинезе – Самдорија 3:3
Катанија – Аталанта 2:1
Џенова – Рома 1:0
Јувентус – Калјари 3:0
Милан – Сасуоло 2:1
Наполи – Верона 5:1
Парма – Ливорно 2:0
Лацио – Болоња 1:0
Фиорентина – Торино 2:2
Киево – Интер 2:1
Табела:
1. Јувентус 38 33 3 2 80:23 102
2. Рома 38 26 7 5 72:25 85
3. Наполи 38 23 9 6 77:39 78
4. Фиорентина 38 19 8 11 65:44 65
5. Интер 38 15 15 8 62:39 60
6. Парма 38 15 13 10 58:46 58
7. Торино 38 15 12 11 58:48 57
8. Милан 38 16 9 13 57:49 57
9. Лацио 38 15 11 12 54:54 56
10. Верона 38 16 6 16 62:68 54
11. Аталанта 38 15 5 18 43:51 50
12. Сампдорија 38 12 9 17 48:62 45
13. Удинезе 38 12 8 18 46:57 44
14. Џенова 38 11 11 16 41:50 44
15. Калјари 38 9 12 17 34:53 39
16. Киево 38 10 6 22 34:54 36
17. Сасуоло 38 9 7 22 43:72 34
18. Катанија 38 8 8 22 34:66 32
19. Болоња 38 5 14 19 28:58 29
20. Ливорно 38 6 7 25 39:77 25