Јувентус загуби 25 милиони евра поради поразот во Истанбул

Генералниот менаџер на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Џузепе Марота, најпосле откри колкава е финансиската загуба на „старата дама”, поради нереализираниот пласман во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

„Секој клуб ќе дојде во една ваква ситуација, тоа е нешто нормално во фудбалскиот свет. Финансиската загуба е последица на нешто што се случи на зелениот терен. Сите сме сведоци колкаво значење има само еден гол во противничката мрежа. Поразот во  Истанбул, нереализираниот палсман во 1/8 финалната фаза од Лигата на шампиони, Јувентус го чини околу 25 мил. евра. Јувентус има добра финансиска ситуација, благодарение на новиот стадион. Во италија има стадиони кои ретко се полни до последното место, само 50 отсто или помалку е искористен капацитетот на тој стадион. Тоа е голем проблем за отанатите клубови”, изјави Марота.