Јужна Африка: Секој осми жител е носител на вирусот на СИДА

Околу 12,2 отсто од јужноафриканското население се серопозитивни, односно секој осми жител е носител на вирусот на СИДА. Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 6,4 милиони луѓе.

Јужноафриканците имаат се поголем број сексуални партнери, а се помалку користат презервативи, што ја објаснува лошата ситуација со вирусот во земјата, покажуваат анализите.

Јужноафриканската Влада активираше најголема програма во светот за употреба на антиретровирусни лекови во која учествуваат 2,4 милиони лица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.