Јужна Африка жали по Мандела, се прават подготовки за погребот

Голем број Јужноафриканци ја минаа ноќта на улиците за да му оддадат почест на поранешниот лидер и борец против Апартхејдот, Нелсон Мандела, кој почина на 96-годишна возраст, додека властите се подготвуваат да ги примат светските лидери и да го организираат погребот.

Луѓето ширум земјата се молат, пејат песни и палат свеќи, а стотици лица се собрале пред куќата на Мандела во северното предградие на Јоханезбург.

Денеска започнаа и подготовките за пречек на американскиот претседатеч Барак Обама и другите светски лидери кои сакаат да му оддадат почесто на Мандела во текот на 10-те денови на жалост.

Обама во Јужна Африка доаѓа следната недела, соопшти Белата куќа. Тој ќе се приклучи кон големиот број светски лидери на комеморацијата која што ќе се одржи на 10-ти декември.

Телото на Мандела ќе биде изложено во Преторија три дена пред државниот погреб на 15-ти декември во неговата куќа од младоста.