Јужна Кореја и Алжир без право на грешка

Победата е единствен императив и кога е во прашање вториот натпревар од второто коло во групата “Х”, дуелот помеѓу репрезентациите на Јужна Кореја и Алжир.

Најверните фанови на азискиот претставник очекуваат нивните миленици да ја повторат играта од премиерниот натпревар во Бразил, кога освоија бод во дуелот против фаворизираната селекција на Русија, а такво очекување имаат и фановите на Алжир кои се уште не го коментираат несреќниот пораз во дуелот против селекцијата на Белгија.

“Очекувам моите фудбалери да ги реализираат сите мои побарувања. Тоа го направија на претходниот натпревар против Русија и убеден сум дека така ќе одиграат и против селекцијата на Алжир. Точно дека сме малку уморни, дека не ни одговара климата во Бразил, но не бараме никакво алиби. Полни ќе бидат нашите батерии, фудбалерите ќе го дадат максимумот. Имаме голема шанса со победа да го направиме најважниот чекот кон 1/8 финалната рунда”, изјави пред натпреварот селекторот на Ј.Кореја, Хонг Миунг Бо.

Дуелот помеѓу Ј.Кореја и Алжир стартува во 21:00 часот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.