Јужниот сосед за македонските кошаркари: Прв чекор за враќање во врвот ќе биде натпреварот со Грција

Настапот на македонската кошаркарска репрезентација на престојното европско првенство во кошарка е во фокусот на дел од грчките спортски медиуми, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.

Порталот спорт24.гр пишува дека оставајќи го зад себе подвигот од Литванија, првиот чекор во обидот на Македонија да се врати во врвот на кошаркарска Европа ќе биде направен во рамките на натпреварот со Грција.

Сјајот од 2011 за Македонија или не? – е насловот под кој што порталот Газета пишува дека македонската репрезентација ќе игра на Евробаскетот 2015 та со цел да демонстрира дека успехот од 2011 не беше случаен.

– Во 2011 та официјално стигнаа меѓу елитата на европската кошарка. На Евробаскетот 2011, во друштво на Бо Мек Келеб и Перо Антич, успеаа да го полудат светот и го освоија четвртото место во турнирот, пишува Газета.

Порталот коментира дека оттогаш македонската репрезентација разочарувала, а сега сака да им понуди одговор на оние што нивниот успех го сметаат за случаен. Информираат и дека се очекува присуството на Перо Антич, додека прашањето е дали овој пат во репрезентацијата ќе игра и Бо Мек Кејлеб или ќе биде заменет со друг натурализиран играч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.