Јужнокорејскиот премиер поднесе оставка поради потонувањето на траектот

Премиерот на Јужна Кореја Јунг Хонг-вон поднесе оставка поради трагедијата со фериботот со ученици, кој потона на 16 април.

Јунг беше исвиркан и погоден со шише со вода кога ги посети ожалостените роднини на денот на несреќата.

Луѓето беа разлутени од бавните дејствија на властите по трагедијата и честите измени на информациите, објавувани од Владата.

Над 300 лица, повеќето од нив ученици и наставници загинаа или се водат како исчезнати. Досега е потврдена смртта на 187 лица.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.