Денешен: Наместо да се појави на јужната граница, Спасовски организира партиски напад на Уставниот суд

Политичарот, поранешен пратеник и актуелен директор на Државниот архив, Филип Петровски смета дека нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација.

Техничкиот министер за внатрешни работи и генерален секретар на СДСМ Оливер Спасовски очигледно повеќе  е ангажиран околу  организацијата на протестите кои опозицијата ги организира пред Уставниот суд, отколку за ситуацијата со мигрантите на јужната граница која денеска излезе од контрола, пишува порталот Денешен.

Стотици мигранти денеска попладне успеаја илегално да ја преминат македонско – грчката граница кај гевгелиското село Моин. Мигрантите се упатиха од кампот Идомени на грчка територија и границата ја минаа во делот каде што не била поставена жичана ограда.

Наместо да се појави на јужната граница и лично да изврши увид на состојбата, техничкиот министер Оливер Спасовски повеќе е заинтересиран околу организација на протестите пред Уставениот суд кои неговиот лидер Зоран Заев ги најави за утре. Политичарот, поранешен пратеник и актуелен директор на Државниот архив, Филип Петровски смета дека нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација.

filip3

filip4

Нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација. СДСбезМ упорно работи да ја дестабилизира Македонија. Каде е Оливер на граница? Додека Македонија е нападната тој организира партиски напад на УСТАВЕН СУД. Во меѓувреме Грција организира мигрантска агресија врз Македонија, напиша Петровски на социјалните мрежи и додаде дека во меѓувреме СДСМ се легитимираше дека е зад СОРОСОВИТЕ невладини.

По денешната прес-конференција на Заев, станува сосема јасно дека СДСМ и СОРОС влегуваат во финален атак на Уставниот суд.

Ќе го запалиме Уставен суд затоа што е неуставен – порача преку својот фејсбук профил Општинската организација на СДСМ од Кавадарци во пресрет на најавените протести кои ги организира партијата со помош на невладините организации под капата на Соросовата фондација во земјава.

Дека не станува збор за коинциденција, туку за добро разработен заеднички план, потврди и самиот Спасовски, порачувајќи вчера од партиски настан во Гевгелија како требале да судат Уставните судии, а како не смееле.

Го повикувам уставниот суд да носи одлука врз основа на уставните одредби, врз основа на законот, не врз основа на партиски одредби, затоа што тие се тука да ја штитат Република Македонија и уставниот поредок на Република Македонија, изјави Спасовски.

Со ваквата изјава Спасовски потврдува дека за него поважни се партиските задачи кои му ги доделува Заев, односно да држи партиски трибини во Гевгелија каде жестоко го напаѓа Уставниот сид, наместо да оди еден километар јужно и да согледа во какви услови делува полицијата за да даде јасни насоки за затворање на границата, пишува Денешен.

Дел од медиумите пишуваат и дека не е прв пат државата да се соочува со ваков координиран напад. Додека на југ има потреба од засилено обезбедување на границата поради организираното пропуштање на нелегални мигранти, истовремено во Скопје СДСМ најавува насилни протести и палење на Уставниот суд, сценарио кое наликува на она од минатиот мај, кога додека СДСМ на 7-ми мај преку насилни протести пред Владата го одвлекуваше вниманието на полицијата при што беа повредени 40-тина полициски службеници, на 9-ти Мај се случи терористичкиот напад во Куманово.