Јужна Кореја бира претседател, фаворитот ветувa свртување кон Северот

(Credit Kim Kyung-Hoon/Reuters)

Избирачките места во Јужна Кореја беа отворени за предвремените претседателски избори на кои се очекува рекорден одѕив на гласачите по корупцискиот скандал кој ги потресе политичките и деловните елити и заврши по повеќемесечните масовни протести со отповикување на поранешната претседателка Парк Гуен-хај.

Во 6 часот по локално време беа отворени 139.000 избирачки места, а ќе бидат затворни во 20 часот, или по 13 часот по средноевропско време.

Се очекува рекордна излезност од вкупно 42,5 милиони гласачи, коишто според анкетите, токму на избирачките места треба да го изразат својот гнев, не само поради корупцискиот скандал кој зафати дел од елитата, туку и поради зголемувањето на невработенсота и скапиот живот.

Коруцијата, забавувањето на економскиот раст и невработеноста, всушност беа главните теми на предизборните кампањи на кандидатите.

Националната изборна комисија очекува дека излезноста ќе достигне речиси 80 отсто. За јужнокорејскиот претседател се гласа во само еден круг. Победник е кандидатот кој ќе добие најмногу гласови.
Крај на децениското владење на конзервативците

Поранешниот адвокат, експертот за човекови права Мун Јае-ин, е голем фаворит на предвремените претседателски избори распишани по отповикувањето на претседателката Парк Гиен-хај. Ова е е вторпат овој 64-годишник да се кандидира, бидејќи во 2012 година загуби токму од Парк, првата претседателка во историјата на Јужна Кореја.

Овој кандидат на Демократската партија од левиот центар, според последната анкета на Gallup Korea, би требало да добие 38 отсто од гласовите, далеку повеќе од другите двајца противкандидати. Тоа се центристот Ахн Чеол-су и конзервативецот Хонг Јун-пјо од партијата на отповиканата претседателка, коишто според анкетите се изедначени.

Победата на Мун би донела промена по речиси десет години владеење на конзервативците и би можела да означи голем политички пресврт кон Северна Кореја, но и во однос на САД, јужнокорејскиот традиционален сојузник и заштитник.

Изборот на претседател, исто така, ќе го прекине вакуумот во власта кој траеше со месеци. Поранешната претседателка беше отповиката поради обвинувањата дека била вмешана во корупција и злоупотреба на власта и таа е првиот демократски избран шеф на јужнокорејската држава кој е отповикан. Парк во моментов е во затвор, судењето започна, но таа отфрла секаква вина, а одлучи дека нема да гласа на изборите.

Димензиите на скандалот во кој се вклучени и концернот „Samsung“ и петтиот јужнокорејски конгломерат „Lotte“, ги принуди кандидатите да ветат реформи и повеќе интегритет и транспарентност. Меѓутоа, поради големиот удел во јужнокорејската економија, ткн. „chaebol“ односно големите јужнокорејски конгломерати, речиси се недопирливи.
Фаворитот ветува пресврт во однос на Пјонгајн

Мун заговара дијалог со Северна кореја за да ги намали тензиите во регионот и да започен преговори, а сака и повеќе да се дистанцира од САД. Во неодамнешното интервју за The Washington Post, тој оцен дека Сеул би требало „да ја игра водечката улога во прашањата на Корејскиот полуостров“.

Северна Кореја, којашто настојува да развие балистички проектили коишто можат да достигнат цели на американската територија, изведе два нуклеарни теста од почетокот на 2016 одина, и повеќе ракетни тестови.

Тензиите меѓу двете земји ретко беа во историјата толку заострен, а новиот американски претседател Доналд Трамп се закани дека „неприалгоденоста“ на Северна Кореја ќе ја реши со воена сила. Сепка, донекаде ја ублажи реториката со изјавата дека би бил „почествуван“ со средба со малдиот севернокорејски лидер Ким Џонг-ун.

Хонг Јун-пјо, од партијата на соборената претседателка Парк, ги повика гласачите да гласаат за него, а фаворитот го нарече „левичар наклонет кон Пјонгјанг.