Нови заболени и нови жртви на МЕРС во Јужна Кореја

Нови заболени и нови жртви на МЕРС во Јужна Кореја

Здравствените власти на Јужна Кореја соопштија дека вчера, понеделникот, вечерта во болниците во Сеул се дијагностицирани три нови случаи заразени со смртоносниот вирус МЕРС. Двајца од порано заболените починале, со што бројот на жртвите се искачи на 29

Вчера од болниците како здрави се отпуштени шест пациенти кај кои имало симптоми на болеста кај нас позната и како Нилска треска. Денеска, во болниците има 95 инфицирани пациенти, а во карантин се наоѓаат 3.833 лица кои имале директен контакт со веќе заразените. Најмногу сомнителни случаи, 5.930, што беа држени под карантин се регистрирани минатиот четврток.

Најмногу поради ненавремено преземените мерки за безбедност на персоналот во болниците, од вкупниот број пациенти за кои е утврдено дека се заразени со МЕРС, смртоносниот вирус ги нападнал 84 од вкупниот број на 172 заразени. Во досегашната непријатна статистика од епидемијата со МЕРС се и податоците дека до вчера вирусот нападнал 33 медицински работници, најмногу лекари и медицински сестри кои контактирале со заболените, без соодветна заштита.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.