Јужна Кореја забрани анонимо тргување со криптовалути

Јужна Кореја го забрани користењето на анонимни банакарски сметки за трансакции во криптовалути, пренесуваат агенциите.

Забраната стапува на сила на 30-ти јануари, а треба да го спречи употребувањето на виртуелните валути во кривични дела, како ште е перењето пари, и да ја приближи јужнокорејската регулатива на финансиските прописи на другите земји.

Според некои извори, Јужна Кореја во моментов е третиот пазар во светот за трансакции во биткоини и други криптовалути, по САД и Јапонија. Поради важната улога на Јужна Кореја во светот на дигиталните валути, одлуката на властите во Сеул, како и во некои случаи претходно изминатите нецели два месеца, може да доведе до остри осцилации во вредноста на виртуелните валути.

Сопствениците на анонимните „паричници“ со дигитални криптовалути во Јужна Кореја ќе мора во иднина да ги врзат за банкарски сметки под свое име и да осигурат потврда на идентитетот. Слични прописи се на сила и во САД.

Одвоено, за малолетните вложувачи и на странците ќе им биде забрането отворање сметки за криптовалутил.

Дополнително би можело да бидат воведени уште построги мерки, имајќи предвид дека на почетокот од годинава јужнокорејски функционери најавија дека се разгледува и можноста за забрана за тргување со криптовалути.

Во понеделникот медиумите во Сеул известија дека властите ќе воведат поголеми даноци за платформите за тргување со криптовалутите, за на тој начин да се заузди растечката активност во овој сектор. Тргувањето со криптовалутите е особено популарно меѓу младите, а поради побарувачката вредноста на некои транскации е повисока во Јужна Кореја и за 30 отсто отколку во другите земји.