Свет

Јужна Осетија ќе се присоедини кон Русија

Јужна Осетија ќе се присоедини кон Русија

Грузиската сепаратистичка република Јужна Осетија почна подготовки за референдум за присоединување кон Русија, пренесува МИА.

Претседателот на Јужна Осетија, Леонид Тибилов вчера покрена иницијатива за организирање на референдум, изјави портпаролката на јужноосетискиот лидер Тамара Келехсаева.

Тибилов на вчерашната средна со советникот на рускиот претседател Владислав Сурков го покренал прашањето за „обединување“ на Јужна Осетија со Русија.

Ние треба да направиме историски избори и да се обединиме со нашите руски браќа, за да ја гарантираме безбедноста и благосостојбата на нашиот народ во следните векови, истакнал Тибилов.

Келехсаева наведе дека Сукров позитивно реагирал на барањето на Тибилов. Таа изрази оптимизам дека мнозинството од 50.000 Осетинци ќе поддржат интеграција со Русија.

Сите знаат дека долго време мнозинството во Јужна Осетија поддржува интеграција со Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Јужна Осетија двапати досега организираше референдум за припојување кон Русија. Во 1992 година беше изгласана интеграција со Русија, но референдумот од 2006 година покажа дека мнозинството сака да ја зачува својата „независност“.

Русија ја призна независноста на Јужна Осетија, еднострано прогласена во 1992 година, а во март година потпиша неколку договори, меѓу кои и за проширување на контролата врз територијата од 3.000 километри квадратни, што не наиде на одобрување од страна на Грузија.