Ќе се изнајмуваат албанските бункери

Албанската Влада одлучи да ги изнајмува илјадниците бункери изградени за време на комунистичкиот режим, а начинот и условите ќе бидат допрецизирани дополнително, пренесоа локалните медиуми.

По падот на комунизмот дел од бункерите беа користени за стопански дејности, некои граѓани ги претворија во живеалишта, друг голем дел беа уништени од граѓани кои собираат железо за да го продадат. Сепак се имаат зачувано уште многу голем број на бункери.

Некои од подземните градби долж Јадранскиот брег беа претворени во кафулиња, во ресторани, дури и во соби за ноќевања, што се многу посетувани од странците.

За време на владеењето на Енвер Хоџа во Албанија беа изградени над 750.000 бункери поради параноичен страв од странски напад. Ако потрошениот материјал за нивна изградба бил употребен за изградба на патишта, Албанија ќе ги имаше најсовремените автопати во Европа, нагласуваат локалните медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.