Балкан

ЕК ги повика мигрантите од Идомени да се префрлат во бегалските центри низ Грција

ЕК ги повика мигрантите од Идомени да се префрлат во бегалските центри низ Грција

Комисијата, исто така, ги повика невладините организации на Идомени да даваат точни сведоштва од мигрантите.

Според ЕК, мигрантите не треба да тргнуваат по опасни патеки во обидот да стигнат во ЕУ.

Минатата недела од Грција во Турција биле вратени 325 мигранти, кои не поднеле барања за азил. Од Турција кон ЕУ, според договорот „еден за еден“, биле префрлени 74 сириски бегалци.

Досега се преземени две операции за враќање на мигрантите од Грција за Турција, во минатиот понеделник и во петокот, прецизира комисијата.