Кабаје ги одби милионите на ПСЖ

Иако има шанса да игра се врати во татковината, да игра за најбогатиот клуб во француската Прва лига, да соработува со Ибрахимовиќ, Кавани, Пасторе, Менез, Лукас, Ветари и Тиаго Силва, францускиот интернационалец од редовите на Њукасл, Јохан Кабаје откри дека не сака да си замине од Островот за време на зимскиот преоден рок.

Во текот на вчерашниот ден, тренерот на ПСЖ, Лорен Блан јавно потврди дека Кабаје е најголема желба на популарните “светци”, а француските медиуми потврдија дека Њукасл може да заработи околу 21 мил. фунти од продажбата на одличниот играч за врска.

“Нема никаква промена кога е во прашање мојот менталитет, нема промена и покрај тоа што се случи за време на летниот преоден рок. Секој ден ќе го давам максимумот за мојот тим. Ако клупските челници и шефот на стручниот штаб се задоволни од мојот ефект и ако се задоволни и најверните фанови, тогаш и јас сум среќен. Среќен сум во редовите на Њукасл и не планирам никаква промена на клупската средина”, изјави Кабаје.