Кабаје може да биде „светец“ за 20 милиони фунти

Раководните лица на англискиот премиерлигаш Њукасл потврдија дека пред неколку дена добиле официјална понуда од актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, за услугите на одличниот играч за врска, Јохан Кабаје, но таквата понуда експресно била одбиена.

Челниците на Њукасл потврдија и дека францускиот клуб бил подготвен да одвои околу 14 милиони фунти за обештетувањето на Кабаје, но таквата понуда била одбиена со образложение дека репрезентативецот на Франција вреди многу повеќе и дека нема да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.

Англиските медиуми пак се убедени дека двата клуба можат да најдат заеднички јазик околу најавениот трансфер на Кабаје доколку новата понуда на “светците” не биде помала од 20 мил. фунти.