Магазин

Кабаретската претставата „Лисистрата“ доби својa веб страница

Кабаретската претставата „Лисистрата“ доби својa веб страница

Следејќи ги светските трендови за промоција на театарски претстави,  покрај печатените, радио и видео материјали, кабаретската претставата  „Лисистрата“ доби и своја веб страница. 

Претставата „Лисистрата“ e најновата претстава – кабаре на  Театар Комедија, овој пат реализирана во соработка со Арт медиа. Веб страницата на „Лисистрата“ ја дизајнираше сценографот и видео дизајнер на претставата, Емил Петро.

На веб страницата ќе можете да ги дознаете сите информации за претставата, актерите и авторите, како и да погледнете фотографии и видео од процесот на создавање на претставата, како и нејзината премиерна изведба.

„Лисистрата“ својата премиера ја доживеа на 21- ви Декември минатата година, а својата прва реприза ја имаше на 25-ти истиот месец. Претставата продолжува да се игра на редовниот репертоар на Театар Комедија и следните репризи се веќе закажани за 17-ти и 27-ми Јануари.

Линкот на веб страницата за кабаретската претстава „Лисистрата“ е http://lisistrata.teatarkomedija.com.mk