Кабела е желба на Њукасл, Манчестер Ј. и Челзи

Контроверзниот претседател на францускиот прволигаш Монпеље, Луис Николин, ги предупреди раководните лица на англискиот премиерлигаш Њукасл, дека не се единствените кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на репрезентативецот на Франција, Реми Кабела.

„Како прво, јас сум многи среќен што пред неколку недели не ја прифатив понудата на Њукасл која беше наменета за нашиот најдобар фудбалер, Кабела. Сега, Рами е дел од репрезентацијата на Франција, Реми ќе биде дел од престојниот Мундијал во Бразил и сигурно сега ќе заработам повеќе од 15 мил. евра. До сега, најупорни беа раководните лица на Њукасл, но истите сега занаат дека интерес за нашиот фудбалер покажаа и челниците на Челзи и Манчестер Јунајтед. Јас сакам Реми да остане уште некоја сезона во дресот на Монпеље, но секој фудбалер има своја цена”, изјави Николин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.