вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Кабинет на Спасов: Единствениот приоритет на Ременски е кочење на проектите

ministerstvo za trud i socijalna politika

Поврзани вести

Техничкиот министер за труд и социјална политика  Фросина Ташевска Ременски, крајно ја девалвира функцијата  и ја користи за оркестрирани напади диригирани од нејзината политичка партија, се вели во реакцијата од кабинетот на заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Повеќе од очигледно таа смета дека со овој тип на изјави ќе ја надомести неспособноста и неснаоѓањето во работата на министерството за труд и социјална политика  и бројните започнати проекти. Наместо да продолжи со реализацијата на проектите, единствен приоритет и е нивното кочење, се додава во реакцијата.

Во продолжение го пренесуваме целиот текст интегрално:

Граѓаните лесно ја препознаваат нејзината лажна загриженост во услови кога намерно и свесно доцни по решавањето на 230 предмети од областа на социјална заштита во второстепена постапка и свесно ги крши Законите.

За време на мандатот на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, сите предмети кои биле доставени се навремено потпишани и проследени во најбрз можен рок.

Техничкиот министер нема да може да ја избегне одговорноста зошто врши незапаметени притисоци врз вработените во министерството и Центрите за социјална работа, нема да ја избегне одговорноста кога  членови на нејзината партија лажно ги претставуваше за вработени во министерството што исто така претставува прекршување на Законите. Овие обиди за сензационализми, нема да и помогнат да се соочи со своите престапи.

Ја разбираме потребата на Ременски  да се прикрива позади вакви бомбастични изјави и ја повикуваме што поскоро да ја поднесе пријавата, при тоа ја информираме дека уште во почетокот на мандатот  направи две кривични дела и тоа: лажно пријавување и лажно претставување, со тоа што дозволи претседател на партиска Комисија за труд и социјална политика да има увид во доверливи  информации на министерството и корисниците и лажно да се претставува во својство на службено лице.

Уште еднаш ја повикуваме да не се бламира во јавноста со изнесување лаги, клевети и манипулации со кои повторно го крши Законот туку да започне да ги решава предметите во областа  на социјалната заштита и да се зафати со реализацијата на проектите од интерес на граѓаните.

Најчитани вести