Кабинет на Спасов: Ременски да одговори зошто службено возило на МТСП е возено за приватни и партиски цели

 

Во врска со натписите во медиумите во кои се наведени докази за злоупотреба на службени возила во сопственост на министерството од страна на кабинетски службеник на техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски се обиде да ја изманипулира јавноста и вината за злоупотребите на нејзините соработници да ја префрли на дополнителниот заменик министер, реагираат од Кабинетот на Кабинет на дополнителен заменик министер на МТСП, Диме Спасов.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

Во срамната реакција која не доликува да биде испратена од министерството за труд и социјална политика и да биде објавена на службениот сајт,  Ташевска Ременски одбегнува да одговори зошто службено возило на министерството е паркирано пред зградата каде што живее Наташа Методијева, зошто возилото е возено без патен налог и за приватни и партиски цели.

Со недемантирањето на изнесените информации за користење на службено возило надвор од работното време и за приватни цели истите се потврдени и за тоа треба да бидат превземени соодветни мерки.

Наместо извинување до јавноста и да понесе одговорност за злоупотребите техничката министерка одлучи да манипулира и да изнесува лаги дека дополнителниот заменик министер користел 4 службени возила на Агенцијата за вработување. Префрлањето вина и непревземање одговорност е стилот на работа на Фросина Ташевска Ременски за своето несовесно и казниво работење.

На 11 декември граѓаните ќе го казнат деструктивното однесување, лагите и манипулациите на СДСМ!