четврток, 25 мај 2017  |  Вести денес: 20

Кабинетот на Иванов: Тврдењата дека е помилуван осудениот за убиството на Нешкоски се груба лага

Овие изнесени лаги и невистини имаат единствена цел да му наштетат на угледот на претседателот Иванов и да го дискредитираат неговото извршување на функцијата Претседател на Република Македонија, се вели во демантот.

иванов1

Последни вести

Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов ги демантираат пишувањата за наводно помилување на осудениот за убиството на Мартин Нешковски.

Во врска со денешните објави на социјалните мрежи и на некои интернет портали, за наводно помилување на осудениот за убиството на Мартин Нешкоски, лицето И.С., како и вчерашните објави во некои медиуми за наводно помилување на лица за дела за педофилија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најостро реагира и ги демантира ваквите изнесени тврдења, и истите ги квалификува како груба лага и невистина.

Ваквите тврдења ги оценуваме како паушални, непроверени и правно неиздржани.

Претседателот на Република Македонија во извршување на оваа негова уставна ингеренција се води единствено според законите, односно одлуките за помилувањето ги носи исклучиво и согласно постапката и одредбите од Законот за помилување.

Ги упатуваме медиумите добро да го прочитаат членот 1 од Законот за помилување во кој јасно и недвосмислено се наведуваат кривичните дела за кои не може да се даде помилување (вклучително и за Дела за педофилија)

Оттука сметаме дека овие изнесени лаги и невистини имаат единствена цел да му наштетат на угледот на претседателот Иванов и да го дискредитираат неговото извршување на функцијата Претседател на Република Македонија, се вели во демантот.

Најчитани вести