Кацарска го прекина Груевски во завршните зборови

Судијката Добрила Кацарска на завршните зборови од предметот „Тенк“ го прекина поранешниот премиер Никола Груевски, додека изнесуваше своја одбрана во случајот во кој е обинет за набавка на блиндираниот „мерцедес“. Груевски се осврна на пошироката смисла на овој судски процес и потенцираше дека се работи за чисто класичен политички процес.

Класичен политички прогон или тортура врз мене и моите сораборници. Во недостиг на елементарни докази врз судот се изврши притисок па од ненормалното се направи нормално. Целокупната акција започна со нелегално прибавените телефонски разговори. Освен рушење на мојата партија ВМРО ДПМНЕ овие политички процеси имаат цел и прогон на неистомислениците, на народот, во време кога се редефинира државата. Еве во ист ден, во ист час со ова судење двата премиера на Македонија и Грција преговараат за промена на името, рече Груевски.

Веднаш го прекина Кацарска со зборовите: -Ова не е ваша прес конференција или обраќање во собрание господине Груевски. Промена на име, НАТО, ЕУ, Јужен сосед такви работи пред новинарите, а не пред судот.