Магазин

Качер: Да се биде татко е најголемата чест која животот може да ви ја пружи

Качер: Да се биде татко е најголемата чест која животот може да ви ја пружи

Актерскиот пар, Мила Кунис и Ештон Качер познати се по тоа што го кријат својот приватен живот од очите на јавноста. Но, изгледа дека татковството го променило актерот, па тој во една прилика изнел неколку детали, како и оној како успева да ги усогласи работните до домашните обврски.

„Се откажав од сексот. Ми одземаше многу време“, се пошегувал Ештон, но разговорот потоа го продолжил за неговата ќерка Вајат Изабел.

„Да се биде татко е најголемата чест која животот може да ви ја пружи. Тоа не може да се опише со зборови. Тоа е величествено чувство“, рекол тој.

Ештон, признал дека и кога станал татко сфатил колку еден родител можел да се грижи, па ги повикал своите родители и им се извинил се лошо што дотогаш им направил.

mila-kunis-i-aston-kucer-1412241295-49178