Каде грешат мажите во сексот?

Богатото сексуално искуство и големиот број прелистана „литература“ не го прави еден маж експерт кога сексот е во прашање. И да сте имале приватен „тутор“ или сте изгледале милион „едукативни“ со три „Х“-а напред филмови, не значи дека сте „безгрешни“ во сексот. Постојат неколку грешки или пропусти кои мажите не можат да ги перцепираат како такви и упорно ги повторуваат.

Еве на кои полиња можеби ви треба подобрување:

Точно знаете што жените сакаат

Неточно. Можеби знаете што една жена сака или две, но никако не можете да знаете што секоја жена посакува, ако го базирате тоа на претходното искуство. Сите жени не ги имаат истите точки на возбудување. Ако на една вратот и е екстремно чувствителна ерогена зона, друга не сака ни да помисли некој да ја допира таму. Затоа, истражувајте и што и да откриете не го сфаќајте здраво за готово. Генерална дефиниција или водич за „точките“ на жените не постои.

Не е секогаш вашиот труд во прашање

Женскиот оргазам не е секогаш мерило за вашата умешност и труд. Не сите жени можат да го постигнат при ист интензитет и начин на стимулирање. Не дозволувајте да ве исфрустрира фактот ако не можете да ја „однесете“ до таа точка (ако веќе навистина сте се посветиле на задачата).

Некои жени не можат да доживеат оргазам со помалку од 3000 вибрации во минута, а ниту еден човечки јазик или прсти не може да го изведе тоа. Некогаш вибраторот може да биде добар помошник, а да не ве направи ништо помалку добар љубовник. Помошник, а не замена.

Сексот исто го чувствуваат и мажите и жените

Па, баш и не. Некои велат дека сексот е како кога го чешате увото со прстот – додека прстот само ја „опипува“ внатрешноста на увото, на увото му е боженствено. Меѓутоа, ако предлабоко навлезете со прстот,  почнува да боли. Истото е применливо кога е сексот во прашање.

Кај повеќето жени, внатрешноста на вагината е помалку чувствителна од надворешите делови. Затоа, длабока пенетрација, колку и да е предобра за машкиот полов орган, кај жените може да предизвика непријатно чувство. Ако пенисот е предолг, жената чувствува како да ја удирате во стомак и чувствува мачнина. Затоа, забележете ги нејзините гестикулации и изрази на лицето за да би процениле колку длабоко и годи, а колку не.

Експерти за женска анатомија

Повеќето мажи мислат дека ако знаат што е клиторис и знаат да го пронајдат, нивната работа е завршена. Но, и iPhone да најдете на улица, ако не може да го декодирате за да профункционира, ништо не сте направиле. Она што е важно за мажите е да знаат на кој начин функционира, како да го допирате и колку е чувствителен. И повторно, сите допири за сите жени немаат исто задоволство. Е сега како ќе знаете баш таа како сака? Едноставно – прашајте ја!

Најчестата грешка која мажите ја прават е желбата жената да доживее вагинален оргазам (како доказ за машкоста), а притоа забораваат на клиторисот. Стимулирањето на клиторисот е од витално значење за доживување оргазам, дури и вагинален. Затоа никако не го испуштајте од раце тој мал чувствителен орган.

Молчењето е злато

Точно, но само при караници со жената. Во сексот, ова правило е тотална спротивност на вистината. Жените не сакаат да сте тивки при сексот. Одредени упатства и неа би и биле добредојдени, а повремените извици во знак на задоволство од нејзините потези не само што ќе ја охрабри и „вжешти“, туку ќе и каже и што точно сакате.

 

Некогаш „водењето“ на нејзината „акција“ дополнително може да ја возбуди, бидејќи ве поставува вас во доминантна положба, а со тоа и ве прави самоуверен и мажествен. „Валканото зборување“ за време на сексот не го сакаат сите, но одредена доза е препорачлива чисто за кревање на адреналин и за подобра комуникација во сексот.

И имајте на ум дека грешењето не е толку страшно, колку одбивањето за самоподобрување. Затоа, прочитајте го уште еднаш текстот и бидете спремни за „донесување“ на најјакиот женски оргазам во историјата на женските „достигнувања“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.