Каде грешиме кога се шминкаме?

Шминката може да биде ваш сојузник, доколку паметно ја користите. Во спротивно, може да направи да изгледате многу постаро. Ако немате кој да ве нашминка тогаш внимавајте како се шминкате сами.

Руменило

Кожата на лицето со годините станува се посветла, поради што руменилото станува се поважно. Секако не би требало да нанесувате премногу од овој производ за шминкање и подобро е да ги одберете крем-руменилата кои полесно се нанесуваат.

Премногу пудра

Доколку на лицето ставите пудмногу пудра, ќе изгледате постаро затоа што пудрата ќе навлезе во сите пори и нерамнини на лицето. За да го избегнете тоа, нанесете тенок слој пудра и темелно размачкајте го на лицето.

Премногу коректор

Коректорот за лице што се нанесува околу очите, може да ви помогне да ги скриете подочниците или темните кругови, но и да го истакне тој проблем доколку нанесете премногу коректор.

Темен кармин

Колку сме постари, усните ни стануваат потемни, а темниот кармин ќе направи усните да изгледаат уште помали. Најдобро е да се држите до посветли нијанси на кармин, врз кој ќе нанесете и сјај за усни, со што усните ќе ви изгледаат поисполнети.

Молив за очи

Очните капаци исцртани со молив за очи ќе направат очите да изгледаат позаводливо, но она што би требало да го одбегнувате е да го „врамите“ целото око со молив за очи. Најдобро е да нанесете само на надворешниот раб на капаците, со што ќе избегнете очите да ви изгледаат помали од тоа што се.

Тенки веѓи

Веѓите стануваат се потенки и посветли со годините, поради што подебелите веѓи придонесуваат за помлад изглед. Можете да користите молив за веѓи за малку да ги затемните и да ги пополните, но изберете ја нијансата која е најблиску до природната боја на вашите веѓи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.