Магазин

Каде исчезна Кејт?

Каде исчезна Кејт?

Каде исчезна Кејт? Ова е прашањето што се почесто се споменува во британските таблоиди, откако принцот Вилијам на венчавката на неговиот пријател се појави заедно со Пипа Мидлтон, наместо со неговата сопруга.

Принцот Вилијам и Кејт требаше заедно да се појават на венчавката, но на големо изненадување на сите принцот се појави заедно сосестрата на војвотката.

Сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон.
Сестрата на Кејт, Пипа Мидлтон.

Се укажува на тоа дека војвотката се предомислила во последен момент затоа што нејзиното и името на принцот биле на поканите, но и на главната маса каде требало да седат заедно.

Никој не знае што се случило во меѓувреме, затоа што и самата Кејт го потврдила нејзиното присуство. Нејзиното исчезнување било главна тема за време на појадокот по венчавката, а за прашањето Каде исчезна Кејт се врзуваат голем број шпекулации и нагаѓања.