Спорт

Каде ќе игра Погба ќе се знае по СП 2014

Каде ќе игра Погба ќе се знае по СП 2014

Мино Раиола, агентот на францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Пол Погба, откри дека сите детали околу индината на неговиот клиент ќе бидат познати откако ќе заврши престојниот Мундијал во Бразил.

„Мојот приоритет? Да се грижам за моите фудбалери, да ги претставувам каде што треба. Од овој момент па до крајот на Мундијалот во Бразил нема ништо да се случи кога е во прашање иднината на Пол Погба. Сите разговори околу новиот договор или околу можниот трансфер ќе бидат направени после 13 јули, откако ќе заврши Светското првенство. Погба е среќен во Торино, а среќни се и челниците на Јуве. Мојот клиент има договор со шампионот на Италија до 2016 година. Нема потреба од некакво брзање, нема место за паника. Во овој момент, можам да кажам дека Погба ќе остане во редовите на Јувентус. Сепак тоа не значи дека е невозможно на неговата адреса да пристигне некоја луда понуда. Ако има таква понуда, тогаш двајцата ќе ја разгледаме. Сите понуди кои ќе пристигнат на неговата адреса ќе бидат разгледани откако ќе заврши Мундијалот во Бразил. Истото важи и за понудата за продолжување на соработката со Јувентус. Сепак, ќе повторам уште еднаш, Погба нема никаков проблем со Јувентус”, изјави Равиола.