Балкан

Каде ќе летува српскиот премиер Вучиќ?

Каде ќе летува српскиот премиер Вучиќ?

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ ќе одмори еден викен со децата во хотел „Језеро“ во Бор.

Вучиќ, според пишувањата на српски Блиц се уште не одлучил кој викенд ќе патува, но според информациите на медиумот сам ќе ги сноси трошоците за летување. Хотелот „Језеро“во кој премиерот ќе престојува има четири ѕвезди и се наоѓа на самиот брег на Борското езеро.

Она што е сигурно дека ако претстојува на ова место има можност да ужива во преубавата природа, мирот тишината или опкружувањето на хотелот.

Цената на собите се движи од 25 до 100 евра.