Каде ќе заврши Кедира летово?

Се погласни се шпекулациите дека Сами Кедира летово ќе го напушти тимот на Реал Мадрид, но сеуште не се знае каде.

Според англиските медиуми, агенти на Кедира оваа недела ќе бидат во Лондон каде што ќе имаат преговори со претставници на Арсенал и Челзи, кои ова лето често се поврзуваа со услугите на Кедира.

Интерес за Кедира има и од Баерн Минхен, особено по повредата на Хави Мартинез.

Цената која ќе треба да биде платена за ангажман на Кедира, ќе изнесува околу 15 милиони евра.

Реал Мадрид ги има Алонсо, Крос и Модриќ како фудбалери кои имаат предност во составот пред Кедира, па јасно е дека тој наскоро ќе направи трансфер, останува само да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.