Анализи

Каде остана дипломатијата за Крим?

Каде остана дипломатијата за Крим?

Никој не сака воен конфликт во Украина. Затоа наместо да го исклучат Владимир Путин од дискусиите, лидерите на Европската Унија треба да бараат решение заедно со Москва, пишува германскиот неделеник „Ди Цајт“ анализирајќи ги случувањата во Крим и односот на меѓународната заедница кон кризата во Украина.

Има две сигурно нешта за украинската криза. Прво, присоединувањето на Крим кон Руската Федерација не може да биде вратено назад и револтот на Западот, колку и да е силен, нема да го промени тоа. Второ, никој не сака вооружен конфликт.

Со драстичните санкции Американците и Европјаните сакаат да го разубедат Кремљ од евентуалната намера (која тој ја негира) да ја „прибере“ и источна Украина. Наложувањето санкции е нож со две острици. Никогаш не е сигурно дека при избивање на посериозна ситуација Западот ќе ја задржи решителноста за една бескрајна трговска војна, имајќи ги предвид огромните штети врз сопствената економија. Затоа сите страни звучат подготвени за дијалог и намалување на напнатостоа низ разговори и дипломатија.

Покрај тоа се забележува дека практичната примена на западната политика се прават многу нешта, кои имаат едно единствен дејство – да го отежнат дијалогот или дури да го попречат неговото одржување. Америакнските „хардкор“ предлагаат НАТО да продолжи да се оддалечува од ангажманите и да располага воени бази во земјите од поранешниот Варшавскиот пакт. Германските „хардкор“ пак се жалат дека Украина не била вклучена во сојузот во 2008 година – со недвосмислена вера дека Русите сакаат да го предадат со воздушен бакнеж своето воено пристаниште на Црнот оморе на Западот.

Сега повторно се раѓа идејата на Молдавија и Грузија да им биде предложено членство во НАТО. Треба да се има предвид, дека секое проширување на Алијансата на исток нема да ги одврати Русите, но за сметка на тоа ќе создаде дополнителна тензија во ситуацијата.

Разбирливо е дека ЕУ сака да и’ даде охрабрувачки знак на Украина. Но, политичкиот дел од договорот за асоцијација со Киев, кој што беше потпишан минатата недела во Брисел, е несфатливо натоварен со воен контекст. На 12 места се споменува „зближување на надворешната политика и политиката за безбедност“, за подлабока соработка во „областа на политиката за безбедност и одбраната“, за „искористување на сите дипломатски и воени канали“ и „редовни средби на високи функционери и експерти од воените институции на договорните страни“, како и за “проучување на потенцијалите за воена и техничка соработка“.

Политички договор? Колку погрешна дефиниција! Москва се сеќава многу добро на времето кога зближувањеот на поранешниот Источен блок со ЕУ беше проследено со нивно вклучување во НАТО. Во договорот за асоцијација се гледа кандидатурата на Украина за членство во Алијансата. А, можност анексирање на Приднестровието, кое би се толкувало како свесна навреда и би го принудил Западот повторно да биде само немоќен набљудувач.

Каде остана дипломатијата? Се укинуваат средби, покрај постојаното повторување дека се подготвени за дијалог. Се водат долги телефонски разговори во кои што се разменуваат пред се’ спротивставени ставови, упатстава за тоа што е правилно , а што не и се повторува какви се обврските на земјата.

Со големи маки дипломатијата успеа да направи еден прв чекор за намалување на тензијата, испраќајќи набљудувачи на ОБСЕ во Украина. Она, кое исто така недостига, е најголемиот гест, најголемиот план за решавање на кризата. Каде остана суштинската иницијатива како да  се запре понатамошна ескалација и да се даде насока и форма на нештата, како што се случи на Виенскиот конгрес во 1815 година, на Конференцијата во Хелсинки 1975  година и во Париската повелба за една нова Европа од 1990 година?

Можеби ние треба да се потсетиме на целта на Бизмарк, според кој навремено треба да се спречи влошување на расположението, доколку е тоа можно да се направи таа чест.