Кадетен Шафхаузен со изненадувачка победа против Пик Сегед

На вториот натпревар од 9-то коло во Лигата на шампионите Кадетен Шафхаузен изненадувачки славеше против Пик Сегед.

Швајцарскиот тим славеше со 31:29, а во голема мера победникот беше решен уште во првиот дел, кога домаќините постигнаа дури 19 погодоци. Во второто полувреме унгарците се обидоа да ја надополнат негативата од 4 гола, но не успеаа во намерата, па така тимот од Швајцарија се изедначи по бројот на бодови со Алборг и Данкерк, кои се наоѓаат на 3-то, односно 4-то место со по шест бода.

Пик Сегед е втор на табелата со 12 бода и не може ни нагоре ни надолу, затоа што има плус шест од тимовите зад него и минус четири во однос на Кјелце, кој води. Второто коло во ЛШ продолжува в сабота со три нови меча, меѓу кои и Вардар – Монпелје (19.00).