Кадетите на Вардар јуниор се вицепрваци на Македонија

Кадетите на Вардар јуниор во полуфиналето прво го победија тимот на ХЈС Работнк со 20-18, и се изборија за место во финалето. Таму ги чекаше организаторот на турнирот, Металург кој н акрајот забележа победа од 26-23 (12-10)

Во послабо прво и добро второ полувреме нашите ракометари не успеаја да направат целосен пресврт. Успеаја да се вратат во игра и да поведат со 16-15, но потоа повторно Металург го презеде водството и не го испушти до крај на натпреварот.

Најдобар голман на Ф4 турнирот е Марко Кизиќ од Вардар јуниор. За најдобар играч е прогласен Мартин Серафимов од Металург кој постигна и вкупно 20 гола викендов.

Вардар јуниор – Металург 23-26 (10-12)

Вардар Јуниор: Косевски 6, Антевски 3, Нанов 2, Николовски, Кизиќ, Карапалевски 9, Благопетров, Биковски, Брунчевиќ, Динев, Атанасовски 3, Ангелковски, Тевдовски, Гроздановски, Мајсторовски, Стојановски.

Тренер: Слободан Чивлачки

1kadeti

2kadeti

3kadeti

4kadeti