недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

Кадетите на Вардар обезбедија место на Ф4 турнирот, прв гостински триумф на пионерките

vardar kadeti

Последни вести

Машката кадетска екипа на Вардар веќе обезбеди место на Ф4 турнирот откако триумфираше на гостувањето кај Тиквеш со 40-27, па сега ќе се фокусираат на подиграње на формата за завршните натпревари.

Четири од вкупно пет младински екипи на Вардар во машка и женска конкуренција викендов славеа на натпреварите од домашното првенство покажувајќи го уште еднаш квалитетот што го поседуваат. На двата гостински натпревари, против Тиквеш во машка кадетска и Кожувчанка во женска пионерска конкуренција, беше не само победници туку и супериориорни во однос на ривалите.

Пионерките ја остварија целта, првата гостинска победа кај Кожувчанка, 21-10 за подиграње на самодовербата, надевајќи се на продолжување на добрите игри. Во кадетската машка лига на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш, кадетите на Вардар триумфираа со 40-27, а кај женската пионерска екипи Вардар ја победи Кожувчанка со 21-10.

На двете градски дерби средби против женските екипи на Металург, нашите младински екипи имаа половичен успех. Вардар го победи Металург со 20-16, а Вардар јуниор загуби со 13-34. Она што радува е дека се подобрува формата и играта од натпревар во натпревар, а екипите на Вардар покажуваат се подобра игра и подобри резултати.

женска кадетска
Вардар јуниор – Металург 13-34 (7-17)
Анжела Платон – тренер на женска кадетска екипа на Вардар
„Девојките влегоа во натпреварот во грч и под голем притисок дека играат со Металург. Одигравме натпревар со многу технички грешки. Бидејќи нашите бекови имаа слаба самодоверба, сите чекаа еден играч да го заврши нападот. Голманите одиграа одлично и беа наш најдобар дел од тимот.

машка пионерска
Вардар – Текстилец 14-10 (8-5)
Андријана Будимир – тренер на машка пионерска екипа на Вардар
„Ова беше најдобар натпревар на момите момчиња. Одиграа фантастична одбрана и покажаа големо заедништво, борбеност и залагање. Во текот на целиот натпревар имавме предност и во ниту еден момент не беше доведена во прашање победата. Бидејќи игравме против повозрасни играчи кои се и физички понадмоќни можам да кажам дека сум горда на мојот им. Имавме и ние технички грешки кои се надевам во иднина ќе ги исправиме. Можам д акажам едно големо браво за моите момчиња.

женска, младинска
Вардар – Металург 20-16 (11-6)
Билјана Пецевска – тренер на женска младинска екипа на Вардар
„Во еден пред се психички тежок натпревар за нас успеавеме да победиме. Првенствено им честитам на девојките кои одиграа храбро и како тим. Искрено сум пресреќна не само од освоените бодови, туку и од начинот на кој функциониравме на целиот меч. Имавме падови во играта и тоа е она на што ќе се фокусираме во следниот период. Имаме уште многу натпревари и овој тим влегува во добра натпреварувачка форма и се надевам дека првенството ќе го продолжиме со ова темпо и борбеност.

Резултати
Машка кадетска лига
Тиквеш – Вардар 27-40 (15-19)
Вардар: Брунчевиќ, Кизиќ, Николоски, Атанасовски 9, Карапалевски 10, Антевски 1, Нанов 2, Бикоски 2, Ќосески 5, Благопетров 5, Ангелкоски, Мајсторовски 2, Динев 1, Гроздановски 2, Стојаноски 1.

машка пионерска
Вардар – Текстилец 14-10 (8-5)
Вардар: Зафировски, Мишевски, Чакалиќ 4, Павловски 1, Трајановски, Жерновски 3, Танев 1, Богдановски, Димитријевски 2, Србиновски, Грујовски 1, Трајчевски 2, Ставревски, Димчевски, Аспровски, Ангеловски.

Женски
женска, младинска
Вардар – Металург 20-16 (11-6)
Вардар: Костовска, Божиновска 4, Николовска 4, Стамова, Стојмановска 1, Колевска, Мицевска, Карчева, Георгиевска, Станиќевска 3, А. Тодоровска, Т. Тодоровска 2, Пецевска, Костадиновска, Филиповска 1, Иванова 5.

женска кадетска
Вардар јуниор – Металург 13-34 (7-17)
Вардар јуниор: Станишиќ, Наумовска 1, Милошевска, Ѓорчевска, Ѓорѓиеа, Буразер, Атанасова 2, Алексовска 1, Трпевска 1, Ничовска, Ќириќ, Бабунска, Величковска 1, Блажевска 7.

женска понерска
Кожувчанка – Вардар 10-21 (2-11)
Вардар: Трајковска, Гроздановска 2, Арсовска, Дамјановска 3, Ивановска, Крстевска, Горгиевска 2, Донева 2, Петковска 2, Станчева, Лазаревска, Насковска 1, Костовиќ, Миновска 3, Седлоска 5, Галевска 1.

Најчитани вести