Кадетките ја продолжуваат борбата за пласман од 9-16 место на ЕП – Б дивизија

Женската кадетска кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва го игра првиот натпревар за пласман од 9-16. место на Европското првенство – Б дивизија во Орадеа, Романија.

Македонија за ривал ја има селекцијата на Англија, а почетокот на дуелот е во 19:15 часот.

На натпреварите во групата (прва фаза) нашите кадетки постигнаа една победа и претрпеа три порази. Во зависност од исходот на денешниот дуелот Македонија утре за противник ќе има една од селекциите на Украина или Естонија.

На другите дуели за пласман од 9-16. место играат уште Словенија – Данска, Белгија – Бугарија и Украина – Естонија.