Кадетките подобри од Ангола

Македонската женска кадетска репрезентација ја забележа и втората победа на Светското првенство во ракомет кое се одржува во нашата земја. Во рамките на разигрувањето за што подобар пласман меѓу 17 и 20. место, кадетките ја совладаа Ангола со 24:22 и сега ќе се борат за 17. позиција на мундијалот.

Сара Ристовска со седум гола беше најпрецизна во селекцијата на Аце Станковски кој денеска на голот ја имаше и расположената Драгана Петковска.

Денесканашите млади ракометарки ќе играат против Тунис во обид за освојување на 17. место на Светското првенство за ракометарки до 18 години.