Кадетките торпедирани од Данска

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години уберливо загуби и од Данска на Светското првенство што се одржува во Струица, Охрид и Скопје. “Црвено – жолтите” во четвртото коло од Ц – група се поразени со 38:18 (19:10).

“Тоа што го работевме еден месец на подготовките падна во вода. Не се почитува на теренот тоа што се договараме да го играме и тоа е тоа. Со таков пристап, немаме шанса за добар резултат”,изјави селекторот Аце Станковски.

По четирите порази во исто толку одиграни натпревари и независно од денешниот дуел со Узбекистан од 17,15 часот, домашните ракометарки сигурно ќе продолжат во Претседателски куп во Скопје. Таму в понеделник и во вторник ќе разигруваат за пласман од 17. до 24. место во својот дебитантски настап на петтиот мундијал во оваа возрасна категорија.