Кадиров тврди дека лидерот на чеченските бунтовници е мртов

Чеченскиот лидер и сојузник на руските власти Рамзан Кадиров, изјавил дека лидерот на чеченските бунтовници Дока Умаров е мртов, но не понудил докази за таквите тврдења.

Кадиров на својот „Инстаграм“ објавил дека Умаров, кој ги повикувал своите борци да извршуваат напади и да ја саботираат претстојната зимска олимпијада во Сочи, починал и дека изворот на тие информации успеал да ја пресретне комуникацијата на бунтовниците околу тоа кој би можел да го замени.

Според него, бунтовниците биле премногу зафатени со потрагата за човек кој ќе го наследи Умаров, а да биде соодветна закана за Олимпијадата во Сочи, која почнува на седм февруари.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.