понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 63

Кадри на СДСМ на платен список кај Јанева

Како што дознава „Прес 24“ од неодамна на платниот список на Катица Јанева се наоѓа Борче Трајковски, во јавноста познат како Боки Бургија, дел од структурите на СДСМ.

sjo-vrabotuvanja-640x253

Последни вести

СЈО продолжува со груба предизборна партизација на обвинителството кое се плаќа со парите од граѓаните.

Како што дознава „Прес 24“ од неодамна на платниот список на Катица Јанева се наоѓа Борче Трајковски, во јавноста познат како Боки Бургија, дел од структурите на СДСМ.

Оние кои ги читаат медиумите на СОРОС можеби и ќе се сетат на некоја од неговите колумни, а беше дел и од протестите на СДСМ и говореше на нивните партиски собири.

boki-plusinfo

Како што дознава КУРИР, овој човек е осудуван за измама и за потешки дела од областа на безбедноста во сообраќајот. Обвинителството не најде време за потврда нитуа пак за демант на оваа инфрмација. Нема одговор ниту кои се квалитетите на овој кадар кои што биле пресудни за тој да биде ангажиран од СЈО. Не се знае ниту  дали бил објавен конкурс, ниту пак дали било проверено досието на споменатото лице.

Ова не е прв случај на вработување и ангажирање на партиски кадри или пак лица кои важат за поддржувачи на СДСМ. Серија “експерти“ се на платниот список на СЈО, а голем број партиски кадри на СДСМ платата ја добиваат од Катица Јанева, што отвора простор за сомневање дека опозициската партија се финансира преку обвинителството, пишува „Курир“.

-Од друга страна, Катица Јанева ги крие финансиските извештаи. Никој во државата не знае како се трошат парите на граѓаните во СЈО. Дали Јанева крие како ги троши парите за да скрие кој се се наоѓа на платниот список и за да не ја компромитира опозициската партија, за која постои сомневање дека огромен дел од своето членство го ставила на плата во СЈО или пак станува збор за нешто друго, се уште не е познато. Јавноста се сомнева дека ако Јанева покаже каде се трошат парите, ќе стане јасно дека огромен број членови и активисти на СДСМ, редовно на месечно ниво земаат плата од СЈО, без разлика на стручноста и потребата од нивно ангажирање. Јанева има буџет од 4 милиони евра годишно, а пред јавноста прикажува каде потрошила само нешто над 1 милион евра, што значи дека околу 3 милиони евра остануваат за евентуално корумпирање на новинари, сведоци, експерти но и можно финансирање на опозициската партија, потсетува „Прес 24“.

Но сомневањата за тоа дека СЈО директно ја финансира СДСМ се само дел од скандалите кои се поврзуваат со СЈО.
Медиумите објавија и за серија случаи на непотизам кога обвинителите си ги вработуваа ќерките и братучедите, а за тоа, мораа да патат граѓаните.

Па така на пример, весникот Дневник во април годинава објави дека во СЈО е вработена Елена Јосифовска, ќерка на обвинителката Елизабета Јосифовска, како и првиот братучед на обвинителот Гаврил Бубевски, како и уште неколку лица кои се во директна роднинска врска со обвинителите во СЈО.

Најчитани вести