Кадриу потрошил 45 милиони денари, а снегот на улиците остана

Директотот на „Македонија пат“, Гајур Кадриу, кој е кадар на ДУИ на располагање поседувал 220 возила за расчистување на снежните наноси. Единственото што оваа сезона Кадриу го „стопи“ се 45 милиони денари, а снегот остана низ улиците и граѓаните не видоа никаков ефект, објави Курир.

Порталот пишува дека сепак оваа огромна сума на пари не му беше доволна на Кадриу да ги расчисти снежните наноси, па цела недела сообраќајот на одредени патни правци се одвива со застој.

Кадриу на тендер трошел дури 45 милиони денари годишно за вкупно 135 возила на приватни фирми кои биле ангажирани за чистење на снегот. Но очигледно ќарот од ваквата зделка не го видоа граѓаните.

Упатените говорат дека и со многу помалку возила може да се заврши работата, но само доколку добро бидат распоредени и се работи организирано и се менаџира ситуацијата. Но на Кадриу му требаа три дена да излезе во јавност со првите проценки, а граѓани на патиштата останаа завеани по повеќе од 10 часа.

Истовремено според пресметките со домаќинско работење, Кадриу би можел со парите од 45 милиони денари на отплата да купи сосема нови или добро сочувани возила кои ни биле во сопственост на државата и би ја завршиле работата.

Кадриу се уште нема одговор зошто и покрај ангажирањето на надворешни соработници ефектот не го почувствуваа граѓаните. Додека Кадриу се однесува ноншалантно неговата матична партија чиј кадар е Кадриу молчи. Од ДУИ со денови нема одговор за неспособноста на нивните кадри на функција.

Освен возачите, погодени беа и граѓаните чии домови останаа без струја. Во разговори со граѓаните кои останаа без електрична енергија коментарите се дека побрзо ќе се стопи снегот отколку ЕВН ја преземе одговорноста за штетите кои им беа предизвикани поради недостиг на електрична енергија.

И според аналитичарите се работи за чиста бизнис логика на голема компанија.

Атанаско Тунески кој во моментов е претседател на партиската комисија на СДСМ, пред неколку години јавно ја предупреди Шекеринска за опасноста од продажбата на ЕСМ која се случи во 2006-та година. Но, таа и раководството на партијата на Црвенковски во тоа време останаа глуви на овие предупредувања. Затоа, граѓаните и денес го плаќаат цехот од продажбата која Шекеринска која таа ја нарече „бонбона бизнис“.

Тогаш Тунески и рече на актуелната заменичка-претседател на СДСМ дека ЕСМ не треба да се продава и дека приватна компанија нема интерес да се ангажира за ситни прекини во завеани села.

Без да размислат за реалните последици кои се закануваа како опасност, СДСМ сепак одлучи да си го води бизнисот. Истиот бизнис за Радмила Шекеринска беше одличен како бонбона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.