Македонија,Политика

Кадровските промени кои ги најавува Груевски ќе донесат бенефит за граѓаните

Кадровските промени кои ги најавува Груевски ќе донесат бенефит за граѓаните

Промените на раководните позиции во државата кои што ги најавува претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар за состав на нова влада, Никола Груевски се позитивен чекор којшто ќе биде од полза пред се’ за граѓаните, вели политичкиот аналитичар, Александар Пандов.

„Верувам дека секогаш освежување во редовите е добра и позитивна работа особено со млади или нови луѓе кои се желни за докажување, кои се полни со енергија, кои едноставно сакаат да ги дадат своите максимуми на позициите кои ќе им бидат дадени секогаш е позитивна и добра работа. Факт е дека во досегашниот состав на луѓе во вториот, третиот, па и во pandov-2првиот ешалон се препознаваат луѓе кои што се чувствуваат изморени, се чувствуваат истрошени или се презаситени од онаа функција која што ја имаат или не ги исполнува, претпоставувам веќе не наоѓаат стимунг за работа. Оттука јас го поздравувам ова освежување во ВМРО ДПМНЕ и на ниво на држава“, вели Пандов.

Тој додава дека промените во институциите особено во државната и јавната администрација ќе бидат од корист за граѓаните бидејќи очекува со новите раководители овие служби да даваат подобри услуги за нивните корисници.

Пандов потсетува дека кадровските промени беа најадени уште по изборите во 2014 година, но истите, смета тој, беа одложени поради продлабочувањето на политичката криза во земјава.

Овојпат бранот освежување во раководните позиции ќе се случи, вели Пандов уверувајќи дека Груевски ќе успеа да формира нова владина коалиција со ДУИ.

„Верувам дека господинот Груевски ќе успеа да формира влада со досегашниот негов коалционен партнер ДУИ, а верувам дека можеби и ДПА ќе се најде во таа идна влада“, вели Пандов.

Новиот бран кадровски промени Груевски го најави во интервју за „Дневник“ истакнувајќи дека потребата за ова „проветрување“ го увидел при разговорите со граѓаните и претставници на компании при неговите теренски посети.

„Ги загубиле жарот и енергијата. Има такви и во првиот и во вториот ешалон. Има и луѓе кај кој е видлив заморот. Има и такви што ги загубиле енергијата и високата мотивираност што ја имаа. Почнале премногу административно да одговараат, без да се потрудат да им помогнат на луѓето, туку само им даваат бирократски и административни одговори. Едноставно не ,,гризаат“ како некогаш кога станува збор за работење, за помагање, за креативност во секојдневната работа, во борбата секој ден, односно и одново да се докажуваш. Имаат капацитет, имаат знаење, имаат искуство, и с` е тоа во ред. Но немаат жар, го немаат еланот од порано, не се максимално мотивирани, опуштени се. Знаете секој што не се бори за успех на институцијата што ја води, со ист елан, енергија, мотив, жар како да се бори за своја приватна фирма од која му зависи личниот опстанок, значи дека го достигнал зенитот и треба да се замени со некој друг, кој можеби во почетокот ќе е помалку искусен или ќе има нешто помалку знаење, особено она што се добива од искуството, од работењето, но ќе има жар, мотивираност, силна амбиција, ќе создаваат возбудлива атмосфера во институциите со кои раководат, ќе ги мотивираат и другите во таа институција“, вели Груевски.