Магазин

Со кафе и лимон против главоболка, мачнини и дијареја

Со кафе и лимон против главоболка, мачнини и дијареја

Главоболката, мачнината, болките во желудникот и дијарејата без сомнение се многу непријатни за организмот и имаат силен негативен ефект врз него.

Доколку не сакате да користите лекови или пак, сметате дека тие не ви помагаат доволно можете да ги користите овие две намирници кои сигурно веќе ги имате во вашиот дом со цел брзо да ги излечите овие тегоби. Како што веќе спомнавме, само збор за кафе и лимон.

Рецепт за лек против силна главоболка

Сварете една шолја домашно кафе без шеќер и во неа исцедете половина лимон. Испијте го додека е топло и за само неколку минути ќе почувствувате олеснување во вашата глава. Исто така, покрај кафето добро е и да пиете многу течности, особено вода и да излезете малку на свеж воздух.

Рецепт за лек против силна мачнина, болки во желудникот и дијареја

Измешајте 3 чајни лажички мелено кафе со 2 супени лажици сок од лимон. Измешајте ги добро и така изедете ги. Оваа смеса може моментално да ви помогне при силната мачнина, болките во желудникот, како и дијарејата. Покрај неа, помага и ако испиете пробиотик, пиете кефир, јадете ориз или банана. Изгладувањето не е препорачливо.