Кафето е најопасно помеѓу осум и девет часот наутро

Судејќи според зборовите на експерите, кафето не е пожелно да се пие меѓу осум и девет часот наутро поради високото ниво на кортизол во телото што никако не смее да се комбинира со кофеин.

Доколку секое утро станувате рано, тоа значи дека живеете здрав живот. Легнувате во кревет рано, јадете повеќе оброци во текот на денот, веројатно успеавте да имате час два слободно време за себе, немате чести промени на расположението и, како што тоа некои убаво би го кажале, во дослух сте со природата и природните закони.

Меѓутоа, голем број истражувачи потврдуваат дека голем број лица кои стануваат рано, уживаат утрото да го поминат со кафе кое најчесто го пијат меѓу осум и девет часот. Меѓутоа, оваа навика, иако делува релаксирачки и безопасна, може да го наруши вашето здравје.

Истражувањето што го објави магазинот „Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism“ потврдува дека човековото тело околу 8,30 часот наутро произведува највисоко ниво на кортизол – хормон на стрес што го подигнува нивното на енергија. Тој исто така е одговорен за зголемување на крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта. Кога на сето тоа ќе се додаде шолја кафе со добра доза кофеин, кортизолот се лачи во поголеми количини и организмот лесно доаѓа во состојба на анксиозност.

Експертите препорачуваа дека најдобро е кафето да го одложите за периодот меѓу 9,30 и 11,30 часот кога нивото на кортизол во крвта опаѓа и кога ќе го почувствувате полниот ефект на кафето.